
Заев не го спомена Мијалков во сведочењето за “Tаргет Tврдина”
Виновен е бегалецот и поранешен премиер Никола Груевски.
Тој нарачувал, тој слушал и кај него пристигале материјалите од прислушувањето тврди сведокот, Зоран Заев, во судскиот случај кој и како прислушувал.
Одговарајќи на прашања на обвинителот Трајче Пеливанов, Заев рече дека само тој и Зоран Верушевски преку кого стаселе снимките имале пристап до материјалите кој ги држеле под клуч во СДСМ.
Заев сам ги слушал и објавувал во јавноста по 4-те средби со Груевски кој, пак, не му верувал дека поседува снимки и наместо одговорност почнал да ги гони соработнициите на Заев. Но, ниту еднаш во час и половина Заев не го спомена Сашо Мијалков кој сконцентрирано го следеше од обвинителната клупа.
Кога дојде редот на одбраната и обвинетите вкрстено да бараат одговори од сведокот, прва и единствена се охрабри Гордана Јанкуловска која доби одгвор дека во СДСМ имало денови и недели кога не стасувале материјали.
Од еден милион пораки, транскрипти и аудио снимки, Заев го ловел за криминал и неетичко однесување и неговиот сегашен коалиционен партнер.
Заев за бомбите дознал во 2013-тата кога станал партиски претседател.
Во судницата тврдеше дека разговорите се веродостојни бидејќи биле подредени и спакувани исто како материјалите обезбедни со судска наредба преку посебни истражни мерки, а бидејќи за Заев имало такви кога бил обвинет можел да спореди со што нема сомнеж дека се излезени од МВР, однсно УБК тврди Заев.
Според него најмногу биле прислушувани опозиционерите од 2008 до 2014-та, па новинарите, невладините организации, бизнисмените, а најмалку највисоките функционери и соработници на тогашниот премиер Никола Груевски.
Пред Заев сведочеше Зоран Верушевски кој прв стасал до разговорите преку вработените во УБК Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски. И тој го изостави обвинетиот Мијалков, а прст впери во Груевски во предметот за нелегалното прислушување на 20 илјади политичари, новинари, бизнисмени.
Павле Беловски