
Заев не дозволува „салата правење“ од Рашковски – во обвинителството владата уште не ги пратила заклучоците за „салата“ на небото
По утврдената салата на небото, салата и во реченица на премиерот кој го брани Рашковски по нападите и новинарските барања за оставка од него, поради вклученоста во преговарањето за имплементација на договор за изграба на нов навигациски систем во авио сообраќајот. Иако Заев го испратил својот сосветник за односи со надворешни работи Талески кај италијанскиот амбасадор да му се извини поради жестоките навредливи зборови изречени од Рашковски, премиерот нема да бара разрешување на владиниот генерален секретар. Секој има право да ја брани својата чест, ги објаснува Заев заканите на Рашковски со тужби за клевета.
Но ниту Леонардо ја завршил работата, ниту на македонското небо нема ефикасен радарски систем за целосна безбедност. Во скопското обвинителство се уште не се стасани валдините извештаи во која се бара кривична истрага за инцидентот кога поради грешка и нестручност лани во септември паднал радарскиот систем и авионите се префрлале . За инцидентот, на крајот на 2018-та М-Нав го известил обвинителството и поднел пријава против непознати лица од институцијата дека ја нарушиле безбедноста. Предистрага е и нема детали за кое дело станува збор и кој е осомничен. Заев пак како и Рашковски вчера, тврди дека ќе има одговорност бидејќи тоа што го кочеле договорот ја загрозиле безбедноста на авио сообраќајот.
Скандалот изби откако беше објавена снимката на која се слуша генералниот секретар Рашковски како договара детали за проектот вреден над 7 милиони евра и изборот на италијанската Леонардо. Рашковски, тврдеше дека изборот го направил и потпишал Живко Попоски, татко на екс министерот Никола Попоски, но дека имало пречки и сопки договорт да се реализира. Истата позиција ја држи владеачката СДСМ. И додека е успорен целиот проект, намалена е ефикасноста на радарската контрола, а поради нестручност лани во септември паднал и радарскиот систем.
Миомир Серафиновиќ