
Заев најави тужби за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ
Јавно извинување од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побара градежната фирма СВ инвест од Битола, за како што велат изнесените невистини од негова страна. Во спортивно најавуваат тужба. Мицкоски, вчера во видео обраќање преку ФБ рече дека има индиции за постоење на криминал во кој е вмешан братот на премиерот, Зоран Заев, Вице Заев, односно дека компанијата СВ инвест која е ангажирана како подизведувал, врши превоз на јаглен со камиони на компанијата Тотал инженериг од Струмица. Од СВ нвест Битола, категорично ги демантираат овие наводи.
„Фирмата СВ инвест, никогаш ниту со сопствена ниту со туѓа мехнаизација нема учествувано во работата на РЕК Битола, истот ака нема учествувано како подизведувач со своја механизација, ниту има добиено тендер за работа со механизација“, рече Вања Атанасов, адвокат на “СВ инвест” – Битола
И генералниот директор на РЕК Битола, денска на прес конференција демантираше дека СВ инвест и Тотал инженеринг учествуваат во ископ и трнаспорт на јаглен. Тој посочи дека носител на јавната набавка е ГП Плеистер, кој може да ангажира подизведувачи, но овие две фирми не се меѓу нив. Се согласи со Мицкоски надлежните институции да ги проверат неговите наводи
„Најодговорно тврдиме дека фирмите Св инвест од Битола и Тотал инженеринг од Струмица, ниту некогаш работеле ниту во моментот работата како подизведувачи за ископ и транспорт на јаглен во РЕК Битола. има неколку начини со кои тоа може да се потврди-преку записници за изведување на работата, извештај од ПЕ Рудници, извештај за влез и излез на лица, возила и опрема во РЕК“, рече Васко Ковачевски, генерален директор на РЕК-Битола
Премиерот Зоран Заев рече дека штетите кои се нанесуваат на неговата фамилија со вакви прес конференции ќе имаат судска разврска.
Зоран Заев, претседател на владата на Р.Македонија
Од ВМРО ДПМНЕ и на денешната прес конференција кажаа дека имаат индиции дека фирмата на братот на Заев е дел од голема корупциска афера.
ОД СВ инвест Битола категорично ги отфрлаат ваквите шпекулации, велат дека не само што снимките што ги пренесува ВМРО ДПМНЕ не се направени во РЕК Битола, туку воопшто никогаш ниту имале ниту набваиле механизација од Тотал инженеринг
„Механизацијата која ја поседува СВ инвест никогаш не била во рек Битола, снимките кои се направени апсолутно не се во РЕК. Се прави изкривување на фактите дека оваа фирма работела со механизација на туѓа фирма“, рече Вања Атанасов, адвокат
И од РЕК Битола најавија дека во иднина ќе тужат за секоја изнесена дезинформација.
Емилија Мисирлиевска