Заев најави дека референдумот ќе биде консултативен, утре нова лидерска

Штотуку заврши лидерската средба која се одржа во Клубот на пратеници. Премиерот Заев рече дека на средбата разговарале за референдумското прашање и можноста да биде консултативен.

  • На средбата разговараме за можното референдумско прашање во насока на „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција?“ Во услови кога Собранието треба да донесе некоја важна одлука, референудмот да биде консултативен, пред Собранието да донесе важна одлука. Сепак волјата на граѓаните сите партии ќе треба да ја почитуваат. За ова разговораме сите кои останавме на средбата до крај, рече Заев.

Заев објасни како според законот треба да се одржи референдумот.

  • Одлуката се смета за конечна доколку на референдумот излегле најмногу 50% од запишаниот број на гласачи. Без разлика каков е референдумот, одлуката е успешна во ваков случај. Дебатата се отвори дали е консултативен или обврзувачки. Законот вели претходен, консултативен или дополнителен, рече премиерот.

Тоа јасно кажува, рече Заев, дека е консултативен, бидејќи ние сакаме да го консултираме нашиот народ пред да ги донесеме одлуките за промена на Уставот, објасни Заев.

Го осуди демонстративното напуштање на Мицкоски, кој замина од средбата со образложение дека не му бил јасен концептот зошто претставници на сите парламетнарни партии не се присутни. Побара да се одржи нова лидерска средба во помал состав, што Заев рече дека ќе се случи токму утре во 12 часот во Клубот на пратеници. Премиерот додаде дека не му е јасно зошто Мицковски ја напуштил средбата и што точно има да каже, а не можел да каже сега пред пратениците во поширок состав. Заев потенцираше и дека нема да има амнестија.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ