
Заев на средби со романскиот државен врв
Премиерот Зоран Заев, кој е во официјална посета на Романија заедно со владина делегација, денеска се сретна со премиерка Виорика Данчила претседателот на Домот на пратениците Ливиу Драгнеа, како и со заменик-претседателот на Сенатот на Романија Јулијан Клаудиу Манда.
Во Домот на пратениците вчера едногласно е ратификуван Протоколот за прием на Република Северна Македонија во НАТО.
Премиерот Заев ги поздрави сите заложби на Романија за евро-атлантските интеграции на нашата земја и изрази надеж дека од романското претседателство во ЕУ, ќе произлезе отворање преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.