
Заев му ја подари вратоврската на Ципрас
Македонскиот премиер Зоран Заев по потпишувањето на договорот за решавање на спорот за името, на неговиот грчки колега му ја подари својата вратоврска во моментите пред да биде направена групната фотографија со потписниците и високите гости од Европската Унија, Хан и Могерини.
Инаку, на првата средба меѓу Заев и Ципрас на Светскиот економски форум во Заев, исто така двајцата премиери на Македонија и Грција имаа полежерен стил на облекување, без вратоврски, што исто така е стил кој го негуваат голем број на политичари од левицата.