Заев: Можни се решенија за проблемот со Грција и за интеграцијата во НАТО и ЕУ

– Воедно, посветени сме на наоѓање начин да се надмине проблемот што го има Република Грција со името на нашата држава. Веруваме дека тоа е можно преку инклузивен пристап дома и со градење на позитивна атмосфера на добрососедство и соработка со Република Грција, рече Заев.

Оттаму, потенцира македонскиот премиер, со право очекуваме Република Македонија да биде следната земја-членка на алијансата, а во текот на првата половина на идната година да добиеме и покана за отпочнување на преговорите со ЕУ.

Граѓаните на Македонија, како што посочи, се убедени дека Република Македонија ги заслужува евроатлантантските перспективи.

– Над 75 проценти од сите наши граѓани посакуваат членство во ЕУ и НАТО. Владата, со поддршка од граѓаните и од нашите меѓународни партнери го трасира патот на нашата држава кон НАТО, рече Заев.

Република Македонија, додаде тој, секогаш ќе дава позитивен придонес во секој вид на иницијативи кои ќе донесат поширока и подобра соработка во регионот.

Заев зборуваше на завршна конференција за проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во духот на Евро-Атланските интеграции“ во организација на  Евро-атланскиот совет на Македонија, со поддршка на Цивика Мобилитас.

– Близу 60 отсто од младите опфатени со истражувањето, сметаат дека можностите за нив ќе се зголемат со остварување на оваа цел. Истовремено, другите показатели од ова истражување укажуваат на фактот дека младите, не се доволно вклучени во процесите поврзани со евро-атланските интеграции, рече премиерот потенцирајќи дека сега е време тоа да се промени.

Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека Македонија има спор поради кој не влезе во НАТО во 2088 година и оти политичарите мора да го решат, со што се обврзани од волјата и определбата на граѓаните.

– Убеден сум дека актуелната Влада и ова парламентарно мнозинство, многу сериозно, и јас би рекол политички решително, го започна процесот со кој се враќаме повторно на колосекот на Евро-атланските интеграции, рече Џафери.

Посочи на состанокот за членство во НАТО и на средбата на преговарачките тимови за спорот со името оваа недела во Бриел.

– Зад овие позитивни трендови, стои само една алатка а тоа е дијалогот. Дијалог на внатрешен план, меѓу политичките субјекти, дијалог со експертската јавност, со невладиниот сектор, дијалог и отвореност со медиумите, кажа Џафери. Додаде дека во исто време се отворени процеси со на дијалог со соседите, а започнат е и, како што рече, искрен и отворен дијалог со Брисел и Вашингтон, нашите стратешки партнери.

Евро-атланскиот совет на Македонија, кој годинава одбележува 20 години од основањето, како што кажа нејзиниот претседател Исмет Рамадани е невладина организација, но ако е Владата про-НАТО тие се и провладина организација. – Не сме поставени како опозициска организација, но во исто време поддржуваме и критикуваме, кажа Рамадани.

Шансата која сега ни се отвора по 10 години од Самитот на НАТО во Букурешт, според Рамадани, треба да се искористи. Посочи дека новата Владата на овој пат има поддршка, но и дека Македонија треба да има „нула“ проблеми во меѓуетничките односи, „нула“ проблеми со нашите соседи и „нула“ толеранција за корупција и криминал.

На настанот на Евро-атланскиот совет на Македонија денеска присуствуваа и повеќе амбасадори, членови на оваа организација, како и претставници на организацијата од Србија, Косово и Бугарија и студенти.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ