Заев: Мицкоски избра да остане на мрачната страна на историјата

„Христијан Мицкоски не успеа да го препознае моментот. Наместо да се качи на возот за ЕУ и НАТО, тој избра да остане на мрачната страна на историјата. Треба на сите да им е јасно дека Мицкоски лаже кога тврди дека на ВМРО-ДПМНЕ најважно им било изборот на ДИК, законите за политичките партии, за Влада, дека се бори за чесен референдум. Мицкоски се обиде да ги прикрие своите вистински намери. Откако виде дека нема шански да се преговара за директна или индиректна амнестија, тој реши да нема договор, изјави Зоран Заев, по неуспешниот крај на денешната лидерска средба.

Тој рече дека сe она што досега било договорено на лидерската средба ќе се спроведе и дека граѓаните ќе имаат шанса на референдум да се изјаснат за тоа дали Македонија сака да биде членка на ЕУ и НАТО.

„Јавноста мора да знае дека Мицкоски доби избор на ДИК според условите кои раководството на ВМРО-ДПМНЕ ги бараше. Доби техничка влада, доби закон за финансирање на политички партии. Единствен услов беше да ги повика гласачите и приврзаниците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдумот. Тој избра со бојкот да ги уништи надежите за ЕУ И НАТО. Неговата цел е Македонија да не успее. Пруживме рака и се обидовме да ги убедиме дека треба да бидеме заедно и обединети во исполнувањето на стратешките интереси на Македонија. Мицкоски вели дека граѓаните се со него, а не сака да им даде избор, не сака да поддржи ниту еден чекор кон таа цел.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ