
Заев: Македонскиот народ вечно ќе зборува македонски
Премиерот Зоран Заев кратко се обрати на социјалните мрежи велејќи дека ќе ги сочува македонските национални интереси.
„Татковината ќе ја биде. Македонија ќе стане членка на ЕУ и НАТО, а македонскиот народ вечно ќе биде македонски народ и вечно ќе зборува македонски јазик“, порача Заев преку официјалната страна на Фејсбук.
Денес ќе се чекаат нови разговори меѓу партиските лидери за конечен договор околу референдумското прашање за склучената спогодба со Грција, како и за изборот на Државната изборна комисија, но и реформските закони кои ги регулираат изборите меѓу кои Законот за Влада со Пржински принципи и новиот Закон за финансирање на политичките партии.
Вчера, по неуспешните преговори партиите меѓусебе си ја префрлаа одговорноста и упатија жестоки критики за изградените позиции од кои не произлезе договор.