Заев контра Османи за скандалот со знамето на охридската Самоилова тврдина

Еден закон, една влада, две спротиставни мислења дали косовскиот играорец смеел или не смеел да распостеле албанско знаеме на охридската Самоилова Тврдина.

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека секој може и треба да поставува знамиња каде што сака. Неговиот претпоставен Зоран Заев со порака до Османи – убаво да го прочита законот за употребата на знамињата на заедниците.

Со измените на законот за употреба на знамињата на заедницата во 2011 се прошируваат можностите за употребата на други знамиња освен државното предвидено во законот од 2005-та година.

Предвидени се казни и до 4000 евра за правни лица.  Човекот кој го распосла знамето од судијата на претходна постапка доби прекршочна казна од 1100 евра и 5 години забрана за влез во земјата.

Владата, пак, со официјален став дека не се меша во судските одлуки.

Ѓерг Прекочај предводеше музички ансамбл и кажа дека изведувал перформанс, но за тоа не ја известил општината ниту побарал соработка.

Во негова одбрана застанаа партиски функционери на владиниот коалиционер ДУИ, но откако Прекочај сам кажа дека ова е албанска земја и дека никогаш нема да престанат да работат на обединување на Албанците, мисловно, но и територијално, нема реакции на ваквите ставови.

Скандалите во кои гори или се уништува државното или знаме на друга заедница најчесто завршуваат без судска разрешница, а пироманите и вандалите без соодветни казни.

Павле Беловски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ