Заев ќе седне во две фотељи, премиерска и министерска

Зоран Заев денеска отиде како премиер во регионот каде живее, да набљудува старт на изградба на систем за наводнување на јужна долина на Вардар.

Од таму се враќа со две функции. Од Валандово ја објави веста дека ќе седне во две фотељи. И премиерска и министерска.

Верува во себе дека финансиите на граѓаните само тој може да ги подобри, па освен што ќе биде прв човек на владата, ќе раководи и со министерството за финансии. Досегашниот министер Драган Тевдовски ќе биде негов советник.

Ова е мапата со имињата на министерствата во кои фати метлата на Премиерот.

Таа опфати само две министерства, освен за финансии  заминува и досегашниот министер за локална, Сухејл Фазлиу кој доаѓаше од НДП на Весел Мемеди.

На негово место во локална седнува досегашниот пратеник од ЛДП, Горан Милески. Министер за животна средина Садула Дураку е променет но и тој повторно се скраси со министерска функција.

И покрај тоа што го следеа низа скандали и е мета на бомбите на Eл Чeка, тој ќе седне во новоформираното министерство за политички систем и однос меѓу заедниците.

Во животна средина повторно доаѓа кадар на ДУИ, Насер Нуредини. Министерствата за култура и земјоделие веќе беа испразнети откако двајцата досегашни министри си дадоа оставка.

Сега на нивно место во земјоделие доаѓа досегашниот советник во министерството Трајан Димковски, додека во култура професорот по медицина Хусни Исмаили.

Предлозите за новите министри веќе се испратени до собранието кое ќе треба со мнозинство од 61 глас да ги потврди.

Во меѓувреме Заев најави дека ќе следат промени на 20 тина директори на државни иснтитуции.

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ