Заев: Ќе се менуваат уште најмалку тројца министри во владата

По часа 4 седница на централниот одбор на СДСМ зад затворени врати, претседателот на владечката партија Зоран Заев соопшти дека по досегашните смени и ротации на владини министри размилува за смена во најмалку уште три ресори за да стаса до 1/3, но не сакаше да ги открие имињата. По, внатрепартиската „метла“ фотељата во земојделие останува испразнета бидејќи досегашниот минситер за враќа во партијата како нов Генерален секретар.

– Ќе бидат разрешени повеќе министри, сега бројката не ја кажувам. Наредната недела го очекувам фидбекот и од ДУИ од разговорите кои ги имавме за разрешувањето. На испразнетите позиции ќе бидат назначени нови кадри. ВМРО-ДПМНЕ нека го следи нашиот пример. Таму се е за менување. Јас работев и кога беше Никола Груевски, сега таму состојбата е полоша од тогаш. Од овој одговор вие заклучете каква е состојбата, рече Заев.

Љупчо Николовски доаѓа на местото на разрешениот Александар Кирацовски, а Заев им се заблагодарил и на организациониот секретар Миле Зечевиќ, и на Дане Талевски за меѓународни работи. Лидерот на СДСМ рече дека на претседателските избори граѓаните им испратиле кристално чиста порака.

„Граѓаните ни испратија кристално јасна порака – останаа дома. Еден дел дека не се мотивирани за претседателски избори, а еден дел ни испрати порака да се корегираме ако сакаме нивна поддршка“, рече Заев.

ЦО на СДСМ на вечерашната седница ги разреши генералниот секретар, Александар Кирацовски, сите шест потпреседатели на СДСМ – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Мухамед Зекири и Благој Бочварски, потоа координаторката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, Миле Зечевиќ како и целиот Извршен одбор.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ