Заев ќе преговара со Тачи за предизборно коалицирање

Предизборната коалиција на СДСМ и БЕСА може да се засили со уште еден политички субјект, ДПА. Заев ќе отпочне преговори со Тачи, а од епилогот ќе зависи и распоредот на силите на кандидатските листи за пратеници. На огласот досега биле пријавени 2000 кандидати, а во првиот круг комисијата селектирала 1000.

До ДИК ќе поднесат заедничка листа. Заев ги оцени како неосновани наводите на Претседателот на ДИК Оливер Деркоски дека БЕСА во тој случај ќе го загуби местото во комисијата и членовите на избирачките одбори. Законот, вели Заев се однесува на добиени гласови од претходните парламентарни избори и не може поединци да даваат насоки за обесхрабрување на коалициите. Лидерот на ДУИ Али Ахмети смета дека ваквите коалиции ќе им направат штетеа на Албанците.

Кандидатските листи за пратеници треба да се достават до ДИК најдоцна до 12 март на полноќ.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ