
Заев ја сфатил пораката од Бејли
Премиерот Заев ја сфатил пораката на амбасадорот Џес Бејли кој во писмото испратено до Претседателот на Основиот суд Скопје 1, Иван Џолев изразува разочараност за злоупотреба на амбасадата при носењето судски пресуди и одлуки за притвор. Пратеникот Антонијо Милошоски побара од него да го расчиси случајот и да се покрене иницијатива пред Судскиот совет.
Писмото на Бејли треба да не загрижи сите, реплицираше Заев. Ќе го чека амбасадорот да се врати од САД и по божиќните празници ќе разговара со него. На Министерката за правда и се дадени насоки да ги испита наводите во писмото.
Претседателот на Основниот суд Скопје 1 , Иван Џолев вели дека содржината на писмото била погрешно интерпретирана.
Американскиот амбасадор Џес Бејли напиша дека е тешка злоупотреба и лажење од страна на судиите дека носеле одлуки и пресуди под диктат на амбасадата. За ова тој ги информирал и министерката за правда, како и претседателите на Апелацискиот суд, на Судскиот совет и на Врховниот суд.
Јулијана Пешевска