
Заев ја потпиша својата оставка
Премиерот Зоран Заев утрово изјави дека ја потпишал оставката, по што се очекува претседателот на Собранието да свика пленарна седница на која ќе биде констатирана оставката.
“Берувам дека многу набрзо ќе стигне во Собранието за во текот на денот да може да почне процедурата и да се завршат работите за избор на преодната влада”, соопшти Заев во емисијата „Утрински брифинг“.
По коснтатирањето на оставката, претседателот на Собранието го известува претседателот на државата Стево Пендаровски, кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Спасовски потоа треба да ја предложи новата влада, а Парламентот да ја изгласа и тој владин состав ќе управува со земјава во периoдот до изборите и формирањето на новата влада.
Двете најголеми политички партии – СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денеска треба да направат нов обид за усогласување на решение за технички министер за внатрешни работи, кој ќе го води овој ресор во пржинската влада со мандат од 100 дена и задача да ги спроведе парламентарните избори на 12 април, договорени на лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски.