
Заев ја отфрли понудата на Мицкоски за ТВ дуел
Премиерот ја отфрли понудата за ТВ-дуел од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Изјави дека такво нешто е можно само доколку постои основа за дебата.
На ова веднаш реагираа од ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека, на Заев му е тешко да се соочи со виситината и аргументите за неговата капитулација.
По долги консултации со партиските тела, доцна синоќа, Мицкоски ги повика граѓаните секој да постапи според сопствено убедување на референдумот. Го повтори партискиот став дека ВМРО-ДПМНЕ е против Преспанскиот договор, но и натаму се залага за членство во ЕУ и НАТО.
Дел од аналитичарите сметаат дека, синоќешниот повик на Мицкоски до членството, секој да си постапи по свое убедување на референдумот е всушност „легализација на тивкиот бојкот“,но има и такви кои се убедени дека по ова „ВМРО-ДПМНЕ заминува во историјата“.
Реакциите не стивнуваат ниту на социјалните мрежи, а голем дел од сопартијците јавно искажува незадоволство и на неговиот фејсбук профил.
Далиборка Дамјанска Цветановска