
Заев: Ја имаме согласноста од коалиционите партнери за законот за СЈО
На дневен ред на денешната владина седница е законот за СЈО и премиерот Заев очекува тој да помине и во Собрание бидејќи, како што кажа, ја имаат согласноста од коалиционите партнери, а ќе разговараат и со опозицијата.
Министерката Дескоска неодамна кажа дека се уште во Собранието нема двотретинско мнозинство за усвојување на измените за СЈО чии предмети, според насоките од странските експерти, треба да ги преземе ОЈО.
СЈО во рамките на ОЈО ќе ја задржи својата економска независност, рече Заев.