Заев: Имаме шанса која не смееме да ја пропуштиме, вие одлучувате

Историски момент во кој треба да се обединиме и да ги оставиме поделбите зад нас бидејќи наредните дваесетина дена се клучни и побитни од партиските или личните интереси. Сега се одлучува за иднината на Македонија но и на граѓаните и затоа треба сите да излеземе на референдумот. Ова се клучните пораки од говорот на премиерот Зоран Заев на Централната прослава на денот на независноста.

Голем дел од своето обраќање тој го посвети на младите кои се иднината на Македонија и од кои побара да ја водат државата токму кон иднината во ЕУ и НАТО.

„ Бидете будни и гласни. Преземете конретен чекор на 30 септември. Вие одлучувате, за вас, за вашата иднина. Кажете им на своите блиски, на другарите, на родителите, на бабите и дедовците дека ова е ваше време и дека треба да станат и да излезат за вас, за вашата иднина и за иднината на европска Македонија“ рече Заев.

Премиерот се осврна на придобивките од Договорот со Грција и нагласи дека со него се потврдуваат македонскиот јазик и националност.

Во својот говор, им Заев се заблагодари на сите граѓани и етнички заедници кои, во овие според него клучни моменти, покажале солидарност и дале силна поддршка на сограѓаните Македонци.

Централната прослава на Денот на независноста и оваа година се одржа на платото пред Владата. Пред присутните граѓани настапи Македонската филхармонија под палката на Џијан Емин, Тамара и Тијана како и диџеите Огнен Узуновски – Оги и Феки Фарис.

Граѓаните кои присуствуваа на прославата со став дека референдумот мора да успее и дека иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО.

Пред Собранието пак  прослава на Денот на независноста организираа од движењето „Бојкотирам“ и Координативното тело против референдумот. Од бината претставници на граѓански здруженија се обратија до пратениците во Собранието, Владата и меѓународната заедница и побараа оставка од пратениците и Владата во рок од 48 часа а доколку нивните барања не бидат исполенти најавувија радикализирање на протесите, со  блокирање на патишта и граѓанска непослушност.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ