Заев : Има услови за прочистување во судството, треба да се ослободиме од нечесните

Нема повеќе тефтерчињеа, пресудите ќе се носат по закон, а судкста власт конечно е слободна од притисоци по носењето на законот за јавнотѕо обвинителство. Ова се клучните пораки кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги испрати од денешниот марш под мотото „Чекориме за правда“.

Според Заев, неазвиснотса на судската власт сега е загарантирана но сепак судиите и обвинителите мора самите да се одважат и да помогнат во процесот на прочистување кој најави дека ќе продолжи.

По носењето на законите во Собранието на потег е правосудството рече Заев и додаде дека народот е жеден за правда бидејќи тој како и граѓанитне се задоволни од владеењето на правото и дека сега е времето кога ќе се носат пресуди по словото на законите и нема да се застаруваат предмети.

Вината за нефункционалноста на правосудниот систем тој ја лоцираше во опозицијата и во „Сваровски“ судството.

Стоиме пред црвената линија и нема да ја пречекориме бидеќи никој не смее да се меша во судската власт, рече Заев од бината поставена пред комплексот судови.

Претседателот на СДСМ уште еднаш повтори дека со носењето на Законот за јавно обвинителство се дава аргумент плус на државите членки во Унијата да го исполнат ветувањето и да го одредат датумот за старт на предпристапните преговори.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ