Заев и Мицкоски на финална „битка“ за бомбите, но и за предвремени избори

Дали бомбите ќе се користат како докази во постапките или не е суштинското прашање околу законот за јавно обвинителство за кој партиските лидери ќе ги кршат копјата на вечерашната лидерска средба. Премиерот Заев вели дека ваква информација добил од работните групи, кои вечерва треба да им помагаат на првите партиски луѓе на состанокот.

Суштината, според мене, е дали бомбите ќе се користат како доказ или не, затоа што Уставот член 16, 17 и 18 од Кривичниот законик вели – кривично дело за кое што постојат индиции и аргументи не може да не се гони, насекаде во свет се гони. Ако не го гони СЈО, ќе го гони друго обвинителство. Надлежен орган за тоа е јавнообвинителскиот систем во државата и тука нема дали Заев, Мицкоски, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ нешто сакаат или не сакаат, вели Зоран Заев, премиер и лидер на СДСМ.

Ако сме одговорни, ќе најдеме решение. Било кој, ако сака да ги уништи предметите, да ги омаловажи, да ги одложи или како било да им наштети, ќе изгуби политички. ВМРО-ДПМНЕ, вели премиерот, не сакаат тие да се уништат, или така кажуваат. Не е проблем, тврди, да се користат и докази стекнати по 2015, како што бара опозицијата, всушност, се што е индиција за криминал – слушнат глас или снимен разговор, дури и бомбите во италијанските медиуми. Според премиерот, СЈО е систем, не само од обвинители, туку вкупно 92-јца вработени, компјутери и архивската граѓа, за што дале пари и граѓаните а помогнале и неколку земји, па мора да се најде начин како таа вредност да не пропадне.

Воочи средбата, пак, Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, на својот фејсбук профил напиша дека земјава не смее да си дозволи повторување на уште една Катица Јанева, а операцијата, вели, за спасување на сопствениот криминал ќе удри во ѕид.

Но она што е јасно, опозициската партија и вечер ќе притиска за предвремени избори, можен датум за нив е април или мај.

Заев во едно пишано интервју вели дека води над 3 проценти, во ред, нека верува во лажни анкети наменети за храбрење на своите редови, јас ќе верувам во народот, и ако е така тогаш верувам нема да му пречи да распише избори, напиша Јанушев на фејсбук.

Премиерот вели дека ова е легитимно барање, но според него, ова е неповторив период кога фокусот треба да се стави на членството во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ.

Очекувам пред се одговорност. На крајот и граѓаните го очекуваат тоа од нас, а богами и ЕУ преку земјите членки на Европскиот совет чекаат секогаш да направиме некој чекор повеќе. Иако законот за јавното обвинителство не е дел од европскиот извештај по којшто се одлучува формално на Европскиот совет во средината на октомври, но треба да го отстраниме тоа прашање за случајно некому да не му биде аргумент, вели Заев.

Владиниот партнер ДУИ, пак, денеска порача дека се дистанцираат од секакво политичко мешање во одлуките на институциите кои го спроведуваат законот. Велат дека неселективната правда и владеењето на правото ќе се обезбеди со добро спроведен ветинг.

Секој од нас, политичар, судија, обвинител, сноси индувидуална одговорност за своето постапување или непостапување како и за своите одлуки, и никој не е над законот, велат од ДУИ.

Затоа, од опозициската Алијанса за Албанците, со реакција зошто на средбата не се повикани и албанските лидери.

Кој им дал право на премиерот заев и на лодерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски, да преговараат и во име на албанците, вели Фљакрон Беџети, Алијанса за Албанците.

Мандатот на специјалната обвинителка истекува на 15 септември, остаснуваат уште 5 дена да се усогласи законот, за кој е потребно двотретинско мнозинство.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ