
Заев и Милошоски со нови обвинувања
Лажги со опашки, вака премиерот Заев ги оцени тврдењата на Антонио Милошоски дека на лидерската средба соопштил дека Катица Јанева ќе излезе од затворот во Шутка за 10 дена. Информациите кои тој ги имал ги добил лично од адвокатот на Јанева, Ирена Фрчкоска.
Милошоски прашува во кое својство Премиерот контактирал со адвокатот на Јанева и дали оваа негова блиска координација е во улога на „консилиере“ на групата за „Рекет“ и кој е тука главниот?
Прво, во кое својство премиер на држава, кој не ни обвинител, ни судија, во екот на најголемиот скандал на правосудството во историјата на Македонија, е во контакт баш со адвокатот на осомничената рекетарката и зошто со неа разговарале за мерките за обезбедување притвор или куќен притвор за Катица Јанева?
Второ, од каде доаѓа потребата на адвокатката Ирена Фрчкоска да го извести токму премиерот Заев за тоа кои чекори ќе ги превземе осомничената Катица Јанева?, напиша Милошоски.
И додека двајцата се препукуваат во едно се сигурни, преговорите за Законот за ЈО мора да продолжат и да се најде решение прифатливо за сите.
Јулијана Пешевска