
Заев и Хан: Лидерите на ЕУ да не бидат пречка и да дадат зелено светло за преговори
По се што направивме убедени сме дека треба да добиеме одлука за почеток на пореговорите со ЕУ сега и веднаш. Подготвени сме за тоа политички и институционално. Секое одложување ќе биде прочитано како негативна одлука и ќе има многу негативни ефекти, високо ниво на разочарување кај граѓаните и кај сите кои го поддржаа спроведувањето на Договорот од Преспа, порача премиерот Зоран Заев на зедничката прес-конференција во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имаат потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, од своја страна, уште еднаш ги повика лидерите кои ќе се состанат утре во Брисел да покажат токму лидерство по ова прашање.
– Ги кажавте вашите очекувања од лидерите, да го ставиме фокусот на зборот лидер, очекуваме лидерство. Ако ги погледнете политичките достигнувања во последните две години, речиси ниедна земја во Европа не изодила толкав пат, со толку болни реформи и мерки, изјави Хан.