
Заев и Борисов заедно го прославија Илинден во Благоевград
Премиерот Заев од Пелинце продолжи во Благоевград, каде заедно со бугарскиот колега Бојко Борисов го чествуваа Илинден. Само една година откако го потпишавме Договорот за пријателство, соработка и добрососедство, веќе се чувствува позитивен резултат во нашите взаемни односи, рече Борисов. Премиерот Заев пак потенцираше дека наскоро, како нова членка на НАТО, Македонија и Бугарија ќе ја градат заедничката иднина.