Заев и Борисов положија цвеќе пред споменик на бугарски генерал

Бугарскиот и македонскиот премиер Заев и Борисов положија цвеќе на споменикот на бугарскиот полковник Каварналиев во Дојранско и порачаа историјата да се почитува а сегашноста да се користи за продлабочување на соработката и пријателството.

Повеќе инвестиции во бизнисот и почести туристички посети.

Двете земји немаат друга алтернатива освен да ги надминат сите недоразбирања и да продолжат заеднички кон иднината.

Ова е ставот на претседателот на Бугарскиот културен клуб, со седиште во Струмица,  Лазар Младенов, кој присуствуваше на настанот.

Обновувањето на споменикот на Каварналиев се договара веќе 13 години, од 2006.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ