Заев го повлече предлогот да го преземе Министерството за финансии

Премиерот Зоран Заев го повлече предлогот да го преземе Министерството за финансии. По реакциите на опозицијата и ДКСК дека според закон премиерската и министерската функција се неспоиви, од собраниската говорница Заев соопшти дека поради дебатата која се отворила одлучил да го повлече предлогот.

Кога е отворена дилеми и дебата власта, премиерот и сите останати треба да ги слушнеме и опозицијата и антикорупциска, која не заседавала но испрати сериозна порака, истовремено и експерти во јавноста. Така да формализацијата на ова, министер за фиансии да ја извршува премиерот ја тргаме од дневен ред, ја повлекувам и најавувам дека согласно овластувањета кои законот за влада ги дава, ќе раководам со министерството за финансии до избор на министер, рече Заев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ