
Заев: Го имам концептот за измените во владата (видео)
Премиерот Зоран Заев за најавената реконструкција во владиниот кабинет рече дека промените ќе се финишираат до крајот на месецот. Тој најави промени и во редовите на својата партија, а деновиве ќе се сретне и со колициониот партнер, Али Ахмети за да се консултираат за реконструкцијата. Заев се уште не ја знае точната бројка колку министри, заменици и директори ќе ги напуштат своите фотељи.
Премиерот Заев им порача дека сите се одговорни пред граѓаните, затоа што дел доаѓаат од политички партии, а дел се интелектуалци.
– Главниот репер се граѓаните. Сите генерално очекуваме каде би се случиле промените. За мене нема пречки и предрасуди. Јас сум мандатор, мојата одговорност е да ги согледам укажувањата на граѓаните, да постапам по нив, да направам соодветни корекции, изјави Заев.