Заев ги продолжи договорите на четворицата советници од Србија

Премиерот Зоран Заев летово ги продолжил договорите на четворица соработници од Србија на период од уште една година, објави БИРН, повикувајќи се на владината прес-служба.

Откако Заев во 2017 дојде на „Илинденска“ ангажираше повеќе надворешни соработници меѓу кои и четворицата од Белград. Нивните договори беа склучени на две години и истекуваа летово.

Поранешниот естраден менаџер Зоран Башановиќ и ексдиректорот на државната компанија за производство и за дистрибуција на струја во Србија ЕПС, Александар Обрадовиќ се надворешни соработници за економски прашања, човекот што ја водеше српската Агенција за приватизација, Љубомир Шубара му помага на премиерот околу финансиите, банкарството и околу инвестициите, додека како ИТ-експерт е ангажиран Владимир Цветковиќ.

Мечесниот надоместок за Башановиќ е 1.500 евра, додека Обрадовиќ, Цветковиќ и Шубара земаат по 1.200 евра. Сите советници, според владината прес служба, за својата работа директно му одговараат на премиерот.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ