Заев: Ги молев лидерите во Брисел

-Во Брисел ги молев, буквално ги молев, да не ги гаснат ѕвездите на европската Унија. Да не бидат пречка, туку да бидат херои. Ни останува сега сонцето на нашето знаме да светне силно, изјави Заев на обраќањето одговарајќи на новинарско прашање.

-Направена е историска грешка кон народот и народот ќе одлучи на избори, вели Заев.

Премиерот запрашан дали идејата за предвремени избори е заедничка на коалицијата со ДУИ рече дека за идејата за предвремени избори ќе се разговара на лидерската средба.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ