Македонија Заев: Драмата ќе трае до последен момeнт
„Драмата ќе биде до последен момeнт. Конечната одлука според мојата проценка ќе ја донесат лидерите на земјите“, рече премиерот Зоран Заев.
Тој утре ќе отпатува за Брисел да направи последен обид за лобирање кај лидерите на европските земји – членки на ЕУ.
Доколку не упати јасен сигнал за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија, Европската Унија ризикува да го загуби влијанието на Западен Балкан, изјави предходно еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан за австриската агенција АПА.



