Заев: До крајот на месецов ќе има реконструкција на владата, нема потреба од предвремени

Премиерот Зоран Заев ги расчисти дилемите. Предвремени избори нема да има, но ќе има реконструкција на владата. Ќе се сменат не повеќе од осум министри и целите процедури треба да завршат до крајот на месецов.

Продолжување на политиката на евроатлантската интеграција е заклучокот од дебатата во рамки на деветтата седницата на Централниот одбор на СДСМ што вечерва се одржува во Охрид.

Претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев во изјавата за медиумите појасни дека политиката на градење перцепција пред јавноста биле заради заокружување, бетонирање на извесната евроинтеграциска иднина на земјата.

Новиот генерален секретар, Љупчо Николовски најви дека со новото системско решение, преку нова веб апликација, ќе ја следат и контролираат работата на градоначалниците, сите проекти и мерки кои ќе се спроведуваат со цел да се исполнат ветувањата кои се дадени пред граѓаните.

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ