
Заев: Дезинформациите се алатка која е закана за довербата на граѓаните во институциите и медиумите
Владата работи на акциски план за справување со дезинформациите, објави премиерот Заев.
Овој предлог акциски план ќе биде ставен на разгледување и јавна дебата пред невладините огранизации и граѓаните.
Акцискиот план содржи безбедносни и проактивни мерки.
Безбедносните протоколи предвидуваат: ревидирање на протоколите на институциите, надградба на протиколите, како и зајакнување на ИП контролата.
„Како што знаете и мојот мобилен телефон е нов со посебна заштита“, рече Заев.
Проактивните мерки подразбираат – дополнителна транспарентност и зголемување на довербата на граѓаните во институциите.