Заев денеска ја очекува оставката на Адеми, најавува промени во извршната власт и СДСМ

Првата оставка на министер во владата ќе биде од Министерот за Култура, Асаф Адеми, најави денеска премиерот Зоран Заев. Тој додаде дека во престојниот период ќе следуваат промени во владата, кај замениците министри, државните секретари и надолу по вертикала во јавните претпријатија, акционерски претпријатија и слично.

Заев најави дека промени ќе следуваат и во Социјалдемократскиот сојуз, со одредени носители на функции на локална и централно ниво.

“Во еден најбрз период ќе треба да се направат промените, затоа што време е за работа” – порача Заев.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ