
Заев: Денес стоиме исправено и гордо за да го одбележиме државниот празник
Македонија го добележува денот на македонското востание. Голем број делегации предводени од Сојузот на борците, од Владата, Собранието, дипломатскиот кор и општина Куманово положија свежо цвеќе на Спомен Костурницата во Куманово во чест на 11, Октомври.
Владината делегација ја предводеше премиерот, Зоран Заев кој се обрати на чествувањето на празникот. Навраќајќи се на историјата, премиерот истакна дека денес стоиме исправено и гордо за да го одбележиме државниот празник, денот на почетокот на востанието, на борбата против фашизмот.
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски кој рече дека Куманово заедно со Прилеп слави јубилеј во кој се врежаа нашите предци во делото и борбрата во најтешките моменти, против фашизмот, а денес генерациите работат за просперитетна.