Заев: Би сакал веднаш да се јавам или да ми ѕвонат, но мора да се допрецизираат техникалии

„Би сакал веднаш да се јавам или да ми ѕвонат до вечер, но во прашање се техникалии кои мора да се прецизираат, а времето е кратко со оглед на проблематиката за која разговараме“. Ова е одговорот на премиерот Зоран Заев, на прашањето, кога конечно ќе се случи долго најавуваниот телефонски разговор меѓу него и грчкиот премиер, Ципрас. Премиерот се надева дека ќе ги приближат ставовите и што поскоро ќе потпишат договор.

Заев вели дека сака да ги убеди и македонските и грчките граѓани дека договорот е фер и добар, а истото го прави и Ципрас. Во оснос на роковите, вели дека е важно да се постигне договор до Советот на министри на Европската унија што ќе се одржи од 25 до 29 јуни, кога земјите членки треба да знаат дали има договор, што би ги охрабрил на позитивна одлука. Верува дека, по договорот и на Самитот на НАТО на 11 и 12 јули ќе биде испорачана долго-очекуваната покана за НАТО.

Дека не треба да се брза со вакви деликатни прашања, се огласија и од македонското МНР. Велат дека во текот на разговорите беше покажана добра волја и е постигнат добар резултат, но тоа треба да се преточи во текст на договор од страна на работните групи, што на најсоодветен начин ќе ги отслика суштинските параметри од постигнатото политичко разбирање меѓу двете страни.

Соопштението уследи по зголемениот притисок и очекувања од медиумите и меѓународната јавност, како и лицитирањето со датумот до кога треба да се постигне договорот. На ова се надоврзува и изјавата дадена пред два дена што укажува и изјавата на помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, дека САД играат тивка улога во процесот на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција. Рече и дека нивен тим во моментов работи на ова прашање.Амбасадорот Џес Бејли,денеска не сакаше да навлегува во детали, но  изјави дека решавањето на долгорочниот проблем со името ќе донесе добро за двете земји и ќе придонесе и за просперитетот и стабилноста на целиот регион

Во меѓувреме, и во двете земји продолжуваат шпекулациите за целиот процес, името што  е на маса, јазикот илиза тоа  што конкретно е спорно од пакетот.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ