Заев бара предвремени избори

Брзи предвремени избори е предлогот што премиерот Заев утре ќе го изнесе на лидерската средба во претседателската резиденција. Ќе се почитува Пржинскиот принцип, терминот ќе го договорат лидерите, а народот треба да одбере по кој пат ќе одиме: кон демократски развој и просперитет или кон изолација и национализам, рече Заев.

Претседателот на Владата не демантираше дека изминативе денови, откако Брисел не ди даде датум за почеток на преговорите, размислувал за оставка.

Потенцира дека ние немаме друга алтернатива освен евро-атлантските интеграции. Се обидел и лично да му укаже на претседателот Макрон дека ние очекуваме мотивација а не членство, но за четири месеци амбасадорите не успеале да договорат состанок. Сепак, праќа сигнал дека европскиот сон на македонија нема да биде срушен.

Следни наши чекори треба да бидат исполнување на европските вредности, реформи, имплементација на договорите со Бугарија и Грција, продолжување на борбата со криминалот и корупцијата, влегување во НАТО и чекање: Европската унија да стане подготвена за отварање на поглавјата од преговарачкиот процес.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ