
Заев бара од Унгарија и Груевски да кажат дали избегал или е киднапиран
Наместо одговори за сите пропусти на институциите за бегството на Никола Груевски, Премиерот Заев бара одговор од Унгарија и од Груевски дали тој доброволно ја напуштил Македонија или пак бил киднапиран. Во текот на вчерашниот ден тој бил информиран од властите на Албанија и Црна Гора за транзитот на Груевски. Информации ќе се дадат кога ќе заврши истрагата.
Заев тврди дека Груевски е во Будимпешта и дека бара азил. Се надева дека Унгарија како земја членка на ЕУ ќе го одбие барањето за азил и како што налага меѓународно право тој ќе биде екстрадиран. Вмро Дпмне бара одговорност и оставки од Зоран Заев и од Оливер Спасовски како и извинување за подигрување со јавноста.
Министерот за надворешни работи Никола Димитров одби да даде одговор на прашањето какви ќе бидат дипломатските односи на Македонија и Унгарија по утврдувањето дека унгарски дипломати дирекно биле вклучени во транзитот на Груевски од Албанија преку Црна Гора до Унгарија.
Јулијана Пешевска