
Заев: Апсолутно не помисливам да ја сменам Катица Јанева
Апсолутно не помислувам да ја сменам Катица Јанева, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА.
Тоа е за мене институционално прашање, од причина што навистина Катица Јанева и нејзиниот тим на обвинители, и сите што работат беа во едно многу тешко време трошката надеж на враќање на правната држава, која ете почна да се враќа во нашата земја, вели Заев. Додава дека е подготвен да разговара со опозицијата за секое аргументирано прашање.
Опозицијата најави дека утре ќе ги поднесе предлог амандманите околу предлог законот за јавното обвинителство, поради кој најмногу не се согласуваат со власта, а посебно за решавањето на статусот на СЈО. Преговорите на двете комисии се најавени за петок.
За власта е неприфатливо барањето на ВМРО-ДПМНЕ, СЈО да биде дел од Обвинителството за организиран криминал. Министерката Дескоска смета дека според стратешките определби СЈО треба да продолжи да работи како Обвинителство, а не како одделение. За опозицијата неприфатливо СЈО да не одговара пред никого и само да создава буџет, кој никој од надвор нема да го контролира.