Зад решетки, Јанева ја решава судбината на СЈО

Денеска во кривичен судења по предмети на СЈО, а во исто време Катица Јанева од притвор се откажа од сите предмети на СЈО. Вчера испратила полномоштво за специјалните обвинители со кое им дозволува сите предмети кои се веќе во суд, истраги и предистраги тиа да ги предадат на нивните колеги од државното обвинителство. Титаник се одржуваше во судот денеска, но специјалната обвинителка Лиле Стефанова не знаеше за полномоштвото од нејзината претпоставена и покрај тоа што СЈО вчера го добило.

Полномоштвото преку судија на претходна постапка е испратено и до специјалното обвинителство но и до државниот обвинител Љубомир Јовески. И покрај тоа што Јовески веќе ја знае содржината сепак и од СЈО велат дека денеска ќе го известат. 

  • Имајќи го предвид законот за СЈО и одредбите за  автономија на Обвинителството, во текот на денешниот ден ќе биде испратен допис до Јавното обвнителство на РСМ со цел запознавање на Јавниот обвинител на РСМ со ваквото полномошно, по што ќе биде донесена одлука за евентуално понатамошно постапување, соопштија од СЈО.

Од државното обвинителство за сега молчат. Освен што велат дека ќе го разгледаат барањето на Јанева. Но, нема одговор дали би ги прифатиле предметите и истрагите на СЈО. Но веќе се отворили прашањето дали Јанева сама може да се откаже од надлежноста врз сите предмети, и дали сега државните обвинители можат да и ги водат преметите а не нејзините помошници. Телма дознава дека специјалната обвинителка во полномоштвото не се повикала ниту на еден член од законот со кој беше формирано нејзиното обвинителство. Во член шест пак се одредува автономијата на Јанева и мешањето на државното обвинителство во нејзини истраги и предмети.

  • Јавниот обвинител на Република Македонија или друг јавен обвинител не може да презема истраги и гонење по предмети кои спаѓаат во надлежност на јавниот обвинител без негова/нејзина писмена согласност, вели Член 6 став 5 од закон за СЈО

Според полномоштвото Јанева се согласува со тоа повеќе СЈО да нема ниту еден досегашен предмет и со тоа речиси да го згасне СЈО пред тоа да згасне. Министерката Рената Дескоска за Телма кусо коментира дека по ова ќе треба да се види како ќе влијае ова врз новиот закон за Јавно обвинителсто кој се договара меѓу власта и опозицијата. За опозицијата пак спорно е што воопшто од притвор Јанева успеала да испрати полномоштво и побараа оставка од директорот на затворот. Тој не одговара, а не одговараат ниту од кривичниот суд преку кој се одвивала процедурата и кој ги испратил полномоштвата до СЈО и до ОЈО. Инаку рокот на СЈО истекува до 15 ти септември, а неговата треба да се реши со новиот закон за ЈО. Партиите и понатаму тврдат дека договор не е постигнат. 

Билјана Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ