
Забрзува изградбата на патот Штип – Кочани
Интензитетот на работа на експресниот пат Штип Кочани е трипати зголемен и неговата реализација сега изнесува 20 %.Патот почна да се гради во 2017 и според предвидената динамика треба да биде завршен кон крајот на 2019 но не се исклучува можноста пуштањето во употреба да се одложи од субјективни и објективни причини.
„Во проектот се испуштени многу работи, од геомеханички истражувања, има вкрстување со гасоводот, со асфалтната база на Синохидро. Втор проблем се поместените далноводи, некој не ги видел или не ги предвидел. Одлагање ќе има од субјективни и објективни причини, не може се да се предвидат и наоѓалишта и гробишта, кажа Зоран Китанов, директор на ЈПДП.
Експресниот пат Штип – Кочани е нов патен правец долг 28 километри кој треба да чини 40 милиони евра. Речиси целосно е завршена експропријацијата , ќе има заштитна ограда и нема да има многу приклучоци со кои може да с езагрози безбедноста на сообраќајот
„Ова е нов патен правец , 28 километри, првата фаза Штип – Крупшиште долга 14 километри ќе чини 20 мил. евра. Во фаза на тендерска постапка е делот од Крупшиште до Кочани“, кажа Горан Сугаревски, Министер за транспорт.
За десетина дена треба да почнат работите и на експресниот пат Штип – Радовиш, инвестиција проценета на 40 мил. евра. Станува збор за нова траса од штипскиот затвор до рудникот Бучим. Рокот за изградба е 2,5 до 3 години.
За изградба и реконструкција на патишта во источниот и југоисточниот регион се предвидени повеќе од 300 мил. евра. Интензивно се работи на автопатот Миладиновце – Штип и тој треба да заврши до крајот на септември.
Виолета З Стојановска