
Забраната за организиран превоз на патници во Тетово наиде на негодување кај граѓаните
Забраната за организиран превоз на патници во Тетово наиде на негодување кај граѓаните. Со тоа се доведува во прашање егзистенцијата на лицата кои вршат превоз низ полошките општини, а и дополнително работниците кои патуваат, а немаат сопствен автомобил, нема како да стигнат до нивните работни места.
Од СВР Тетово велат дека полициски патроли на неколку пунктови во градот вршат контроли на сите возила, за влез и за излез.
Деновиве сите кои ја прекршуваа забраната за организиран превоз на патници се предупредуваа, а ќе следуваат и казни.
Инаку, забраната за организиран превоз на патници за влез и излез во и од подрачјето на Општина Тетово и сите околни општини, стартуваше во вторникот.
Исклучок од оваа забрана е организираниот превоз што го вршат економските оператори за своите вработени лица до работните места, како и организираниот превоз на вработените лица во МВР, Армијата и пожарната.
Данијела Билбилоска