
Забелешки за Законот за високо образование
Треба да се избрише можноста со која се враќа целосниот правен субјективитет на факултетите и институтите, односно се напушта концептот на интегриран универзитет. Ова беше една од забелешките на ректорот на УКИМ, Никола ЈАнкуловски, за текстот за Законот за високо образование, кој според него инаку е генерално добар.
Јанкуловски ја посочи и потребата да се утврди минимална нето плата за кадарот, односно три и пол просечни плати за редовен професор, три за вонреден и две и пол за доцент. Неопхопдно е и да се обезбеди посилно и стабилно финансирање на високото образование, посочи ректорот на универзитетот Мајка Тереза, Азис Положани.
„Квалитетот на образование зависи од моделот на финасирање. Високото образование треба што помалку да биде зависно од средствата што ги уплаќаат студентите. Зависноста од студентите се поврзува со послаб квалитет“, кажа Азис Положани ректор на универзитет Мајка Тереза
Според ректорот на Штипскиот универзитет, законот треба да содржи одредба според која студентите можат да работат.
Според Младинскиот образовен форум, треба да се смени членот според кој студенсткиот правобранител го избира сенатот, а наместо тоа да се овозможи тој да биде биран на непосредни тајни гласања од страна настудентите. На ист начин според нив треба да се избираат и претставниците на студенсткото собрание, а не со делегатски систем.
Сања Јовановиќ Дамјановска