
Забелешки за државата, тужби за судиите по пресудата од Стразбур за исклучените од парно
Кривична пријава за судиите, претседателите на двојка и апелација, нотарите, извршителите, фирмите и сите вклучени во скандалот со наплата на тополинска енергија изминатите две децении покренаа граѓаните кои битка бијат да докажат дека неправедно плаќале надоместок, иако се исклучени од мрежата за парно. Овој чекор доаѓа по пресудата од судот за човекови права во Стразбур за осуммина оштетени граѓани. 180 милиони евра пари на граѓаните завршиле кај снабудвачите со топлинска енергија, е наведнео во кривичната пријава. Потешкиот дел по одлуката во Стразбур е како граѓаните да си ги надоместат парите кои ги плаќале за сметки, нотари, извршители и камати.
По жалбениот период од три месеци до советот на судот за пресдуата да стане правосилна следуваат препораките кои секретаријататот на министри ќе и ги испорача на земјата. Налдежното биро во Министерството за правда не открива што ќе треба да корегира државата во системот, но стравуваат дека и остнатите 120 случаи во Стразбур ќе бидат во корист на граѓаните, а државата со години ќе треба да исплаќа оштети.
Претседатот на регулаторна комисија мирно ги дочека првите пресуди од европскиот суд за човекови права. Изменет е правилникот и начинот на наплата пред две години, отсечно одговри Марко Бислимовски и додава дека регуалторната комисија за енергетика нема надлежност, што пак, беше и една од критиките на невладините дека регуалторот со години се дистанцирал од оваа проблематика додека комапниите ги полнеле сметките.
Граѓанскиот „Но пасаран“ не отстапува од барањата додека не се исплати и последниот исклучен плаќач на топлинска енергија, а протстите ќе ги продолжат пред основните судови во Скопје. Со новиот правилник оние кои живеат во станови каде минуваат цевки за парно не плаќат надоместок, но во парните станови каде што не живее никој стасува сметка за парно.
Павле Беловски