
Забелешки од невладините за новиот закон за судии
Неносењето на судска тога во предложените измени на законот за судови се смета за потешка дициплинска повреда за која судијата може да биде разрешен додека пак за полесна повреда се смета примањето подароци и други користи во судиската работа. Ова според невладините најверојатно е техничка грешка која треба да се редактира, затоа што во спротивно нема логика. Ова е само една од петнаесеттината забелешки и коментари во законот за судови кои 5 невладини организации го доставиле до Министерството за правда.
Невладините предлагаат и зголемување на минимумот од 4 на најмалку 8 години на работно искуство пред еден судија пред да може да оди во повисок суд, а имаат предлози и околу нееднаквоста на судиите меѓу основните судови и управниот. Додека во основните судови влегуваат само кандидати од академијата за судии, во управниот суд може да се вработени и од државен орган.
И судиите ги анализиразаат законските измени што ги предлага Владата. Претседателот на подружницата на здружението на судии од скопскиот граѓански суд Андреј Димовски, вели веќе го разгледале предлогот, но се уште не поднеле конкретни забелешки. Првично оценува дека е согласно препораките на венецијанската комисија за дефинирање на условите за дисциплинска постапка за судиите.
Меѓу основите за разрешување на претседател на суд во законот се додава и непочитувањето на одредбите за измена на Годишниот распоред на судии и околу распределбата на судските предмети.
Ова следува откако Комисјата за увид во акмистот на министерството за правда констатираше бројни неправилности со менувањето на годишните распореди и предмети кои биле рачно давани на судии
Законот за судови е системски закон и за него е потребно 2/3 монзинство во собранието за да биде донесен односно поддршка од опозицијата
Елена Ивановска