
За ВМРО – ДПМНЕ преименувањето на двете училишта во скопски Чаир е незаконско
Опозициската ВМРО – ДПМНЕ смета дека преименувањата на двете училишта во скопски Чаир се незаконски. Нивната советничка група во општина Чаир гласала против менувањето на имињата на основните училишта „Никола Вапцаров“ и „Рајко Жинзифов“ кој станаа „Имри Елези“ и „Исмаил Ќемали“. На лидерот на партијата Христијан Мицковски, како што изјави имињата како имиња не му пречат, колку што му пречи начинот на кој биле сменети.
Вчера пак Зоран Заев прво изајави дека промената на имињата е незаконско. Денеска веќе се премисли и на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека било се според Законот.
Зоран Заев: Вчера и денеска ги проверивме сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.После темелна анализа, правни тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование.
Од Централниот регистар потврдија дека директорите на училиштата пред 10 дена добиле барање за упис со новите имиња. На ваквото барање, откако добиле амин од Министерството за образовние и е утвдено дека се е законски, училиштата се впишани со новите имиња. Овој документ пред два дена се најде и на Фејсбук профилот на министерот за образование Арбер Адеми кои напиша дека спорот со имињата во Чаир конечно е затворен.
Теодора Цветковска