За Владата успех, за опозицијата пораз

За Владата успех, за опозицијата пораз. Вака се доживува поканата што Република Македонија ја доби на Самитот на НАТО.

Премиерот Заев, расположен и насмеан, најави дека Владата ќе организира голема прослава. Поканата за полноправно членство ќе се слави во сабота во 15 градови со концерти на 40 домашни музички изведувачи.

Заев повторно ја лаже јавноста. Наместо да шири лажна еуфорија, треба да му се извини на македонскиот народ за потпишаната капитулација, реагираше ВМРО ДПМНЕ. Лидерот Мицкоски повика на протест в недела во Кавадарци.

Се остварува нашиот сон за Македонија во НАТО, соопшти ДУИ. Лидерот Али Ахмети  им упати честитки на сите граѓани на Република Македонија за добиената покана за членство, што е значајно за сигурната иднина на нашата земја.

Пратениците тврдат дека сите во Парламентот им се посветени на евроинтегративните процеси. Комисијата за одбрана и безбедност едногласно одлучила да предложи Декларација за поддршка на пристапниот процес во НАТО. Нејзиниот претседател Хари Локвенец очекува да биде изгласана со акламација на 17-ти јуни, а ВМРО ДПМНЕ потсетува дека ваква Декларација била донесена со консензус уште во 93 година.

Соња Николовска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ