За викенд-полицискиот час, ќе се функционира по интернет, а за излегување ќе се пријавува на 192

Сите општини веќе формирале кризни штабови односно штабови за заштита и спасување кои треба да им помогнат на граѓаните за време на тридневниот полициски час за претсојниот викенд, но исто така и во продолжениот полициски час кој почнува од 16 часот. Голем дел од општините кои досега немале кризни штабови побарале совети од Дирекцијата за заштита и спасување да им ги разјасни обврските и начинот како да функционираат.

Општинските кризни штабови веќе почнаа да бараат оператори односно маркети и аптеки кои преку онлајн интернет нарачки ќе функционираат и ќе доставуваат продукти на оние кои ќе побараат да набават. Откако маркетите и аптеките ќе се пријават, општинскиот кризен штаб треба да ја извести локалната полиција за фирмите кои ќе вршат достава на нарачки.

За дозволи за движење во полициски час има нова електронска апликација и сите со докази ќе треба да убедат дека им е потребна таква дозвола, соопшти денеска министерот Дамјан Манчевски. Ќе може да ја употребуваат и луѓе кои им помагаат на болни родители или пријатели.

Доколку се појави итна здравствена потреба, луѓето ќе може да се јават на полицискиот број 192, но може и веднаш да се упатат кон лекарот, а полицајците ќе ги пропуштат и ќе ги регистрираат, изјави Славјанка Петровска, дополнителен заменик министер за внатрешни работи 14:00

Со новите денес усвоени мерки опфатени се и лицата со попрешеност односно, тие со својата придружба ќе имаат право да излезат за време на полицискиот час во викендот меѓу 11 и 13 часот. Во нормалните денови на граѓаните со пошреченост им се овозможува прошетка од 19 до 20 часот.

Посебни правила и исклучоци се воведени и за земјоделците. Оние што имаат обврски на земјоделски површини  и на фарми, кои се наоѓаат во атарот на местото во кое живеат, можат да се движат и за време на полициски час – исклучиво заради извршување на работните активности без да вадат дозволи за движење, информираа од Министерството за земјоделство. Но оние чиишто земјоделски поседи и фарми се надвор од местото на живеење и треба да патуваат кон друго село или населено место должни се да извадат дозвола за движење од надлежното министерство за информатичко општество.

Ова не важи за земјоделците постари од 67 години и тие може да предложат свој роднина да оди наместо нив на сточарските објекти и на нивите кои треба да се обработат. Предложените ќе добијат дозвола за движење. Дозволите за движење ќе се издаваат само на еден член на земјоделско стопанство и исклучиво само на евидентирани земјоделци во регистарот на министерството за земјоделие.

Миомир Серафиновиќ

Локални штабови за заштита и спасување

  • -Секоја општина формира општински кризен штаб
  • -Маркети и аптеки (оператори) се пријавуваат на штабот
  • -Штабот ја известува полицијата кој ќе носи нарачки
  • -Итни здравствени случаи може и без пријава на 192 да тргнат на лекар

Олеснувања за лица со попреченост

  • -Овозможено излегување во придружба на едно лице во полициски час
  • -понеделник до петок 19:00-20:00
  • -сабота и недела 11:00-13:00

Олеснувања за земјоделци

  • -Слободно движење во атар на сопственото место на живеење само за земјоделски активности во полициски час
  • -Дозволи за движење за ниви и фарми во друго населено место (издава Министерство за информатичко општество и администрација)
  • -Нема дозволи за земјоделци постари од 67 години
  • – Дозволи добиваат само регистрирани земјоделци и еден земјоделец од стопанство
Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ