
За Валандово не е завршена битката со рудниците
Се додека постројат активни концесии за геолошки истражувања во општината и регионот, за Валандово не е завршена битката со рудниците, вели градоначалникот Перо Костадинов.
Тој смета дека после раскинувањето на договорот со компанијата Сардич Мц за рудникот Казандол ништо повеќе не е исто, но сепак ќе бидат внимателни и будно ќе ги следат идните чекори за рудниците Плавуш и Башибос коишто исто така се во општина Валандово.
Костадинов вели дека во иднина мора да се направат промени и да им се дадат поголеми ингиренции на општините. Да имаат поголемо влијание во планирањето на просторот и развојот на регионот.
По едностраното раскинување на договорот за рудникот Казандол, градоначалникот Костадинов вели дека граѓаните сами ќе одлучат што ќе се прави и како ќе се искористи земјиштето на коешто требаше да функционира рударскиот комплекс.
Сузана Мицева