
За утре остана гласањето за законите за ЈО, совет на јавни обвинители и законот за одбрана
Кратка, но тензична беше расправата за законот за одбрана. Опозицијата не го поддржува, бидејќи се менува името на армијата. Пратнеикот Илија Димовски тврди Преспандксиот договор предвидува промена на името во рок од пет години по отворањето на поглавјето за одбрана со ЕУ. Пратениците од власта му возвратија законот е неопходен за усогласување на законодавството со НАТО, но и дека тој зема плата од Собранието на Република Севрна Македонија и дека гласал за протоколот за НАТО.
Гласањето за трите закони за одбрана, јавно обивнителство, и совет на јавни обвнители спикерот Џафери ги стави за утре претпладне, но неизвесно е дали ќе бидат обезбедени потребните 80 гласови за законот за јавно обвинителство
ДУИ се задволни што во законите за обвинителство и за Совет биле прифатенеи нивните предлози за Бадентер и употреба на јазиците, но и за измените на изборниот законик донесени рано утринава за префрлање на општините Дебар и Маврово-Ростуше од 6 -та во 5 -та изборна единица.
Во Собранието денеска се дискутираше за Законот за совет на јавни обивнители и можеа да се слушнат и препукувања на повеќе теми од тоа што е полошо државата- да е заробена или хибриден режим , која владеачка гарнитура имала повеќе афери и криминалци, до теми како разрешувањето на Мизрахи и сечење на дрвјата.
Елена Ивановска Мукоска