За три миони евра намален државниот буџет за брана на река Отиња
Пандемијата, но и забелешките од ИЗИС го одложија стартот на изградба на најкапиталниот проект за Штип, што требаше да почне пролетва. Од државниот буџет за брана на река Отиња годинава наместо предвидените 3,2 милиони евра ќе се потрошат 200.000 евра. Но и градоначалникот и ресорниот министер тврдат дека кратењето на парите за овој проект не значи стопирање на проектов.
Пролонгирањето на проектов е заради забелешки од Иниститутот за земјотресно инженерство. Штипскиот градоначалник очекува деновиве на заедничка маса да седнат експертите од ИЗИС и од Градежниот факултет, на којашто ќе се утврди што треба да се појасни. Бочварски очекува доколку се оди според планираното до крајот на овој месец да почне и постапката со добивање на градежната дозвола, а веќе наесен да почне изградбата на браната, што штипјани ја сонуваат веќе 60 години.
Викторија Димитрова Јованова