
За судските дубари со предметите во АКМИС ќе се суди во Велес
На Владимир Панчевски осомничен за рачно местење судски предмети во случајот АКМИС ќе му се суди во велешкиот суд, одлучи Апелациониот суд во Скопје.
Одлуката е донесена бидејќи Панчевски е актуелен но суспендиран судија во кривичниот суд каде требаше да се суди предметот АКМИС, а истотака обвинетиот Панчевски е поранешен претседател на скопскиот кривичен суд. Според апелација ваквата состојба „би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стварната надлежност“.
Поради тоа судот во Велес ќе одлучува дали Владимир Панчевски го сторил делото злоупотреба на службена положба и овластување поради рачно местење на судски предмети.